Познати првите 10 финалисти на Евросонг

Од:

Романија, Молдавија, Исланд, Унгарија, Данска, Албанија, Кипар, Грција, Русија и Ирска.

Ова се земјите кои си обезбедија место во големото евровизиско финале в сабота во Баку, Азербејџан. Дали и нашата претставничка Калиопи ќе им се придружи на овие европски држави, Македонија ќе знае в четврток.

Домаќинот овозможи како и секогаш гламурозно шоу. Кристалната арена во Баку беше домаќин на 18 европски земји, од кои само 10 го заземаа своето место во финалето. Богата сцен,а а пред неа во први редови македонски знамиња иако нашата претставничка Калиопи в четврток, во втората полуфинална вечер ќе се бори за влез во финалето. Фантастична глетка беше Арената однадвор, која пред секоја земја, домаќините ја обојуваа во боите на знамето на земјата која треба да настапува.

Домаќини на шоуто во Азербејџан беа Наргиз, Елдар и Лејла. Воодушевија со својот стас, сепак помалку разочараа со лошото сценарио и неразбирливот англиски.

Еве кои од настапувачите го привлекоа нашето внимание.

Шоуто започна со балканскиот „шампион“ како што го нарекуваат Рамбо Амадеус, кој ги бранеше боите на Црна Гора. На сцената го придружуваше дрвено магаре, откако од организаторите не му дозволија да донесе на сцената животно и да го вклучи во својот настап. Балканскиот хумор и исмејување на трубофолкот можеби остана несфатени за Европа, па Рамбо Амадеус не обезбеди место во финалето.

Грција ја проба својата среќа со Афродизијак. Придружниот вокал на Сакис Рувас, Елефтерија Елефтериу ги доби своите пет минути кои можеби ги искористи симпатично да потсети како изгледаше Хелена Папаризу пред некоја година. Но сепак типичната бузуки песна успеа да влезе во финалето.

А тоа им појде од рака и на Кипар, кој во настапот беа многу слични на нивните соседи. Па и тие појдоа на проверениот рецепт, но овој пат кореографија и костимографија ала Папаризу. И кај нив се покажа дека тоа добива виза за финале.

Албанија, каде заради трагичната автобуска несреќа немаше пренос во живо во својата земја, ја претставуваше Рона Нишлиу, која меѓу ретките во првата полуфинална вечер пееше на мајчин јазик. Моќна балада, едноставен сценски настап, доволни за влез во финале.

Беа тука некаде Исланд со она што се чинеше уште една од многуте балади, кои на следниот евросонг повеќе никој нема да ги памети, латвиската барбика Анамари, швајцарскиот рок, Изрел со една од нивните најпопуларни групи Изабо, во ретро стил, Австрија со нивните танчери на кои им беа овозможени дури и барски шипки.

Мандига беше романскиот летен хит. Тие одлучија да пеат на шпански и да го негуваат латино ритамот. Она што е интересно е дека од 2004-та оваа земја постојано си обезбедува место во финалето. Ништо поразлично ни оваа година.

Сан Марино на кои инспирација им беа социјалните мрежи, па со сино – белата како да му направија бесплатна реклама на фејсбук но и тоа не беше доволно.

Фаворитот руските бабушки, во оргиналниот состав 8 пораду правилата на ЕБУ на сцената во Баку настапуваа само 6. Велат учествуваат бидјеќи сакаат со средствата кои ќе ги соберат да изградат црква во нивното родно место. Облечени во традиционлни руски носии, прво печеа во импровизирана фурна на сцената а потоа во диско ритам повикуваа на танц. Највозрасната меѓу нив со 78 години.

http://www.youtube.com/watch?v=YdgbM8k_wNg

Дует Џетврат, тинејџерите кои ја претствауваат Ирска, минатата година завршија осми, а во сабота го чекаме нивниот овогодишен пласман, бидејќи и тие се меѓу сречните кои си овозможија билет за влез во финале.

Уште да напоменеме дека Полска и Ерменија оваа година го откажаа своето учество, но затоа по долго време Италија се враќа на евровизиската сцена.

За влез во финалето одлучува гледачите во земјите кои земаа учество во полфиналето, плус земјата домаќин Азербеџан, Италија и Шпанија како и жири мосијата, по принципот 50 – 50.

За време на гласањето домаќините се погрижија да ни претствата само дел од нивниот заразен етно мелос.

Христена Антовска Јованчева

Би можело да ве интересира

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он

Голема трагедија во семејството на грузиската претставничка на Евровизија

А1он

Израел ги прифаќа условите на ЕБУ: Ќе ги сменат спорните делови од текстот за да го задржат учеството на Евровизија

А1он

Незадоволство од победникот: Фановите на ПЗЕ покренаа петиција да се повтори гласањето

А1он

И во Србија и во Исланд не победија фаворитите за претставници на Евровизија

А1он

Хрватската песна се искачи на врвот на обложувалниците за победник на Евросонг

Предраг Петровиќ