Брајан Кранстон, познат по одличната улога на Волтер Вајт во серијата „Breaking Bad”, е избран за улогата на негативецот Лекс Лутор во продолжението на филмот „Man of Steel”.
„Брајан е сон избор за Лекс Лутор”, изјави извор запознаен со проектот.
Се очекува официјално соопштение да биде направено од продуцентите од „Ворнер брадерс” по финалето на петтата и последна сезона на „Breaking Bad”.