Пожарникари со воден топ бркале пчели од прозорците на авион

Од:

Летот 743 Ер Индија, кој требало да полета од Калкута, бил одложен дури два и пол часа, откако рој пчели се насобрале на прозорецот на пилотската кабина.

Пчелите го попречуваа погледот на пилотите нанапред. Тие пак, не успеале да ги отстранат ниту со помош на бришачите за ветробранското стакло. Авионот веќе доцнел 90 минути поради технички проблеми, па пчелите им одзедоа на патниците уште еден час од нивното време.

Ројот бил успешно отстранет дури кога противпожарната служба на аеродромот искористила воден топ.

На летот имало 136 патници чијашто дестинација била градот Агарталу во североисточна Индија, што вообичаено трае само еден час.

На летот бил и министерот за информации на Бангладеш, Хасан Махмуд.

Директорот на аеродромот изјави дека по непредвидените пречки, аеродромот бил целосно проверен и не биле пронајдени кошници пчели, па веројатно пчелите дошле однадвор.

Аеродромот во Калкута е еден од најпрометните и најсофистицираните во Индија.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ