Последните мотори со внатрешно согорување на „Фолксваген“ ќе излезат во 2026 година

Од:

„Фолксваген“ во 2026 година ќе ја произведе последната генерација на мотори со внатрешно согорување со брендот „VW“, изјави главниот стратег на компанијата, Мајкл Џост.

Портпаролот на „Фолксваген“ потврди дека ова значи оти „VW“, најдобро продаваната марка на патнички автомобили во Европа и Кина, во иднина ќе се фокусира на производство на електрични автомобили.

„Фолксваген“ изработи стратегија за фокусирање на бизнисот кон електрични автомобили по скандалот од 2015 година со манипулација со емисиите на штетни гасови, поради што компанијата мораше да плати повеќе од 27 милијарди евра во име на казни за прикривање на прекумерното загадување.

Би можело да ве интересира

911 фамилијата му посакува „Добредојде“ на новиот член на осмата генерација

Ана Ололовска

Голем пад на продажбата на автомобили во светот

Ана Ололовска

Нисан отпушта над 10.000 работници

Ана Ололовска

Пад на акциите на Астон Мартин

Ана Ололовска

Крај на Мекларен 600ЛТ

Бразил: Откриена фабрика за лажни „ферари“ и „ламборџини“

Ана Ололовска