Поранешното момче на турската пејачка Сила, осудено за семејно насилство

Од:

Поранешното момче на турската поп-ѕвезда Сила, Ахмет Курал е осуден на 16 месеци условна заторска казна за психичко вознемирување, закани и насилство.

Сила Генчоглу, една од најпознатите турски пејачки, насилството на кое била изложена првпат проговори лани во ноември, кога и го покрена обвинението против Курал. Процесот започна минатиот месец.

– Ќе беше лесно да бидам тивка, но јас го одбрав потешкиот пат. Решив да бидам најгласна што можам и да бидам гласот на илјадници жени, напиша пејачката на Инстаграм.

Според турската платформа за заштита на правата на жените, наречена „Ние ќе го запреме фемицидот“, лани во Турција 440 жени биле убиени од страна на мажи. Во четвртина од случите се работело за семејно насилство, извршено од сопругот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска