Поранешни агенти на ЦИА трагаат по 57 милијарди евра на Ескобар

Од:

Поранешни агенти на ЦИА тврдат дека пронашле подморница на нарко-босот Пабло Ескобар, за која се верува дека била користена за криумчарење на кокаин од Колумбија за Порторико. Кокаинот потоа од таму бил дистрибуиран по Соединетите Американски Држави.

Доколку подморницата навистина е пронајдена, тоа би можело да претставува трага што може да ја открие локацијата на сокриеното богатство на Ескобар, за кое што се претпоставува дека вреди околу 57 милијарди евра. Сепак, тоа се уште не е откриено, бидејќи подморницата се уште не е истражена.

На тоа работат поранешните агенти на ЦИА, Даг Лао и Бен Смит, кои биле повикани откако невреме го размрдало морското тло и открила остатоци од подморница, која најверојатно на дното лежи неколку децении.

Подморницата се наоѓа на се уште неоткриена локација, во близина на колумбиската обала. Каналот „Дискавери“ сними и филм од потрагата по подморницата насловен како „Во потрага по милионите на Ескобар“.

Се проценува дека Пабло Ескобар, во текот на осумдесеттите години од минатиот век, со препродажба на дрога во САД заработувал по 366 милиони евра неделно и дека во Колумбија сокрил огромно богатство.

Со подморници во САД превезува и до два тони кокаин и обезбедувал околу 80 отсто од американскиот пазар.

Би можело да ве интересира

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Ескобар: Македонија треба веднаш да стане членка на ЕУ

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски