Поради серијата на Нетфликс, Кејт Буш на врвот на британската листа со хит од 1985 година

Од:

Британската кантавторка Кејт Буш се најде на врвот на британската листа на синглови со нејзиниот хит „Running Up That Hill“ од 1985 година, поставувајќи неколку рекорди со песната, која повторно стана популарна благодарение на серијата Stranger Things на Нетфликс.

Running Up That Hill (A Deal With God) беше на третото место откако првично излезе, но најде нова група обожаватели кај помладата генерација поради последната сезона од серијата сместена во 1980-тите во Хокинс, во Индијана, САД.

Песната од албумот на Кејт Буш Hounds of Love се рангираше релативно високо на музичките топ листи во неколку земји, вклучително и во Соединетите држави, каде што првиот дел од епизодата од четвртата сезона беше премиерно прикажан на Нетфликс кон крајот на мај.


Кејт Буш е обожавателка на серијата

Буш, која стана позната во 1978 година со нејзиниот прв сингл Wuthering Heights, во кој ги освои обожавателите со својот уникатен глас и експресивните танцови движења како 19-годишна девојка, ја коментираше обновената популарност на песната во еден од нејзините ретки коментари во јавноста, признавајќи дека е голем обожавател на научно-фантастичната драма која ја создададоа браќата Мет и Рос Дафер.

“Многу е трогателно што песната беше толку топло примена, особено од младите обожаватели кои ја сакаат серијата. Навистина сум среќна што браќата Дафер добиваат толку многу позитивни повратни информации за нивната најнова креација. Тие го заслужуваат тоа”, се вели во соопштението на Буш (63) на почетокот на јуни.

The Official Charts Company, британска компанија за компилација на музика, соопшти дека Буш пред два дена соборила три рекорди: за најдолго време за да го достигне првото место на листата за синглови ( 37 години), но и за најстарата жена авторка која стигнала на првата позиција.

Бидејќи поминаа 44 години откако нејзиниот сингл Wuthering Heights го зазеде првото место, Буш исто така го собори рекордот за најдолг јаз меѓу сингловите на првото место во историјата, додаде компанијата.

„Начинот на кој новата генерација љубители на музиката ја земаа при срце нејзината песна навистина засекогаш ја потврдува нејзината позиција на великан, ако воопшто тоа е потребно“, рече извршниот директор на компанијата Мартин Талбот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На Нетфликс стигна „Берлин“, што велат фановите

Катерина Ѓуровски

Најгледан акционен филм на Нетфликс во моментов е „Срце од камен“

Предраг Петровиќ

Се разведе за да биде со „актерот“ од серијата „Stranger Things“: Му пратила пари и сфатила дека е измамена

Предраг Петровиќ

Клеопатра како црнка предизвика хаос: Повици да се блокира Нетфликс во Египет

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Најпопуларни на Нетфликс: 15 најдобро оценети нови филмови

Предраг Петровиќ

Морничава приказна за семејството кое исчезна во една вечер во Франција

Предраг Петровиќ