Поради мувла одложено лансирањето на ракетата на „Спејс Екс“

Од:

Американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) за утре го одложи лансирањето на вселенската сонда „Драгон“, која треба да однесе контејнер со намирници за екипажот на Меѓународната вселенска станица.

Како што соопшти НАСА, лансирањето е одложено затоа што на некои од намирниците била откриена мувла.

– На тимовите им е потребен дополнителен ден за замена на намирниците, се вели во соопштението на НАСА.

Лансирањето на сондата „Дагон“ со ракетата „Фалкон 9“ на компанијата „Спејс Екс“ од космодромот Кејп Канаверал на Флорида беше закажано за денеска во 19:38 часот по средноевропско време.

Сондата „Драгон“, која треба да пренесе храна, резервни делови и опрема за научни истражувања, утре треба да го има својот 16-ти лет до Меѓународната вселенска станица.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: SpaceX на Маск успешно ја лансираше најмоќната ракета на светот

(ВИДЕО) Американци и Русин тргнаа со ракетата на Маск кон вселенската станица

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

ВИДЕО: Лансиран Старшип на Илон Маск, Spacex загуби контакт со мега-ракетата

Катерина Ѓуровски

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска