Поради коронавирусот откажан Саемот на автомобили во Женева

Од:

Саемот за автомобили во Женева 2020, е откажан откако швајцарската Влада денеска забрани собир на над 1.000 луѓе поради загриженоста од новиот коронавирус. Забраната ќе трае најмалку до 15 март.

Сè уште се очекува официјална потврда на овие наводи, но тоа е сè поизвесно. Тоа ќе биде само еден од низата поголеми собири откажани поради заканата од коронавирусот.

Девеесеттото издание на Саемот требаше да започне следната седмица.

Палепо, организацијата што е задолжена за автосаемот во Женева, се обиде да го избегне откажувањето издавајќи предупредувања за учесниците. Имено, имаше најави за зголемување на мерките за чистота и дезинфекција околу конгресниот центар – „редовна контрола, миење раце, како и држење растојание од најмалку три метра од секој што кашла или кива”…

Собирот не е најголемата изложба на возила на светот, но е меѓу најомилените, пред сè, кај производителите кои претпочитаат тука да ги претстават ​​своите брзи, најпрестижни и футуристички модели.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска