Попладневната дремка не треба да трае подолго од 40 минути

Од:

Стручните лица советуваат дека не секој одмор е добар за човековото тело. Во таа смисла, на пр., попладневната дремка не треба да трае повеќе од 40 минути или, во спротивно, нашиот „внатрешен часовник“ и циклусите на спиење може да бидат нарушени.

Човекот е биолошки „програмиран“ да спие подолг дел од ноќта и да одмори кратко еднаш во текот на денот. Имено, температурата на нашето тело најмногу паѓа меѓу 13:00 и 15:00 часот, поради што токму тогаш почнуваме да се чувствуваме поспани… Но, според стручњаците, спиењето попладне не е целосно безбедно. Ново истражување покажува дека спиењето попладне повеќе од 40 минути го зголемува ризикот од повеќе физички нарушувања.

Испитувањата опфатиле 300.000 лица, а резултатите посочуваат на поврзаност меѓу попладневната дремка и развојот на т.н. „метаболички синдром“, којшто вклучува покачена тежина, висок крвен притисок и повисоко ниво на холестерол. Истражувањето беше презентирано на Годишната конференција на Американскиот колеџ за кардиологија.

Според податоците, во сон дење, кој трае повеќе од 40 минути, телото „замислува“ дека е во состојба на длабок сон, што значително влијае на метаболизмот. Поради ова, човекот може а биде дури и поуморен после таквиот сон отколку пред него. Клучот е, всушност, во тоа да не се претера во спиењето.

Луѓето кои спијат најмногу половина час попладне се чувствуваат „поведро“, поодморено, посвежо и се чувствуваат подобро. Во случај на подлабок сон, мозокот оди во фаза на „бавни бранови“, по коишто речиси секогаш се чувствуваме уморни и дезориентирани.

Би можело да ве интересира

Намирници поволни за здравјето и работата на белите дробови

Ана Ололовска

Витаминот Д и омега-3 помагаат кај старите лица против корона-зараза

Ана Ололовска

Маски за спиење – предности и недостатоци

Ана Ололовска

Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси

Ана Ололовска

Овошјето, виното и чоколадото може да помогнат за понизок крвен притисок

Ана Ололовска

Децата кои минуваат повеќе време в природа, имаат посилен имунитет

Ана Ололовска