Warner Bros. достави понуда од 60 милиони долари до Кристијан Бејл со цел да го убеди да се врати на старата улога.
Како што пишува aceshowbiz, Warner Bros. се обидува да го премисли актерот кој веќе изјави дека нема никаква намера да се врати на старата улога. Бејл ги исполнува сите предиспозиции за улогата. Има речиси 40 години, етаблиран е кај публиката и генерално ја исполнува сликата која му е потребна на студиото за филмот.
Но, добрата вест кога е во прашање претстојниот филм со Супермен и Бетмен е поврзана со негативецот. Ѕвездата на серијата „Breaking Bad“, Брајан Кренстон, во едно од своите последни интервјуа изјави дека слушнал дека го поврзуваат со улогата на негативецот Лекс Лутор и дека продуцентите треба да му се јават.