Полска манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела

Од:

Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око.

Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник – раперот и боксер Попек.

По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално…

Ѝ препорачал само лекови против болки.

По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки, на пример користел боја за тетовирање кожа којашто не би смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор.

Тату-мајсторот пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро.

Би можело да ве интересира

Близначки кои сакаат да забременат истовремено, и тоа од исто момче

Ана Ололовска

„Мртовец“ оживеал, но подолго време не смеел да ја напушти мртовечницата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тајванска масажа со сатари

Ана Ололовска

Свештеник ги прскал верниците со пиштол на крстена вода

Ана Ололовска

Го откажал медениот месец со секс-куклата поради коронавирусот

Ана Ололовска

Американец украл автомобил со штотуку починат маж

Ана Ололовска