Половина елка за помали живеалишта

Од:

Божиќните и новогодишните празници се ближат, па на интернет повторно се јавуваат нови, практични идеи. Имено, сега на интернет-страницата „Хамашер шлемер“ може да се купи половина елка, наменета за луѓе кои живеат во помали станови и куќи.

Станува збор за вештачко дрво коешто е буквално – убава, бујна елка, но пресечена на половина, со тоа што би била залепена на ѕидот со задниот дел. Значи, разликата е незабележлива ако божиќното дрво се погледне од напред.

Ова вештачко дрво, како што се вели во описот, заштедува простор, време, но и украси. Цената изнесува 249,95 американски долари (околу 214 евра).

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар