Пол Макартни ќе го добие францускиот медал на Легијата на честа

Од:

Музичарот, Сер Пол Макартни, го доби можеби најголемото француско одликување од областа на културата. На 8-ми септември на церемонија ќе биде прогласен за офицер на Легијата на честа.

Ова големо признание веќе го имаат добиено и Лени Кравиц, Клинт Иствуд, Лајза Минели, Арнолд Шварценегер, Ширли Меклејн.

Наградата се доделува без обзир на потеклото, верската припадност или местото на раѓање. Основана е од Наполеон 1802 година за луѓето кои имаат придонес во француската култура и општество. Наградата со себе донесува социјален статус, но не и пари. Секој добитник на ова признание сам го купува медалот од лиценцираниот јувелир. Цената на мадалот се движи од 169 до 700 евра, во зависност од рангот на одликувањето, Витез, Офицер или Командант.

Инаку сеуште не е познато дали Сер Пол Макартни  лично ќе присуствува на церемонијата на доделување на наградите.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии