Погребан Робин Гибс – членот на Би Џис испратен во неговото вечно почивалиште

Од:

Последниот жив од браќата Гибс, третиот член на познатиот троец Би Џис ја предводеше комеморацијата во чест на негиот брат Робин Гибс, кој почина од рак na 62 години.

Пред семејството, пријателите но и почитувачите на музиката на неговиот брат, кои дојдоа во градот Тем во Оксфордшип, Бери Гиб рече дека неговите двајца браќа Робин и Мауриц повторно се соединија на небото. Тој рече дека еден ден тројцата повторно ќе бидат заедно и дека ќе ја свират својата музика таму некаде на небото.

Во неговата поема насловена како Ода за Роб, тој напишпал дека еден ден тројцата повторно ќе бидат заедно, му порача на својот брат дека тој секогаш ќе биде во нивните срца, дека го сакале и дека секогаш ќе го сакаат.
Робин почина пред една недела по тешката битка со ракот, а неговиот брат близнак Мауриц, третиот од познатото трио Би Џис, почина 2003-тата година.

На фамилијата на Робин, неговата вдовица Двина, синовите Спенсер и Ер Џеј и ќерката Мелиса, сочуство на последното испраќање на нивниот сопруг и татко им дадо колегите од шоу бизнисот Питер Андре, актерот Лесли Филипс, ди џеите Мајк Рид и Поул Гамбачини. Бери за своите браќа со кои во триото Би Џис палеа и жареа на топ листите во 60-тите рече дека биле прекрасни луѓе кои за жал живееле прекратко и додаде дека последниве десет години Робин многу тагувал по својот починат брат – близнак. Триото имаше уште еден брат, Енди, кој имаше кратка соло-кариера и почина 1988-та година.

На неговото последно испраќање Робин Гибс беше исопратен со нотите на нивната добро позната How deep is your love.

Поворката ја предводеа сопругата и братот на Робин, додека зад неговиот ковчек беа водени неговите две кучиња, Оли и Миси.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска