Погон за слатки во Лондон претворен во луксузен стан

Од:

Стан вреден 24,95 милиони фунти се појави на пазарот во Лондон, Англија. Се наоѓа на плоштадот Тревор, а занимливо е тоа што живеалиштето е всушност дел од зграда што некогаш била фабрика и складиште за чоколади „Хародс“.

Богатата историја на овој објект, како и неговата местоположба, се причина за високата цена. Големиот двокатен стан е составен од четири дела споени во еден, а зафаќа површина од 595 квадратни метри. На горниот, петти кат има просторија за прием чии прозорци нудат поглед на плоштадот Тревор, а покрај неа има трпезарија, како и работна соба што може да послужи и како мини-кино.

На горниот кат има добро опремена кујна со излез до тераса. Има и соба за гости, којашто лесно може да се претвори во, на пр. вежбалница, а во рамките на тоа има и туш.

Скалите надолу, до четвртиот кат, водат кон голем гардеробер, две бањи и сауна. На овој кат има и четири спални соби, од кои едната има мала тераса. Подот е модерно опремен.

Зградата во која се наоѓа станот има и приватна градина, за станарите. А, за нивната безбедност пак, обезбедувањето се грижи 24 часа на ден.

Би можело да ве интересира

Пивница претворена во луксузен дом во Лондон

Ана Ололовска

Луксузен стан на врв од зграда на Флорида од 21 милион долари

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стариот училишен автобус го претвори во фасцинантен модерен стан: Секој би сакал да живее тука

Ана Ололовска

Нови уникатни зданија најавени за годинава и наредниот период

Ана Ололовска

Кејт Винслет го продава својот стан во Њујорк

Ана Ололовска

ВИДЕО: Уметничката Кет вон Ди го претвори својот дом во „Земја на чудата“

Ана Ололовска