Почнува трката за „Златна палма“ во Кан

Од:

Организаторите на годинешниот 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан денеска ќе ги соопштат филмовите кои ќе се натпреваруваат за „Златна палма“. Овојпат, претседател на жирито ќе биде мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалес Ињариту.

Фестивалот годинава ќе ѝ оддаде почит на неодамна почината режисерка Агнес Варди, со нејзиниот лик на главниот плакат за настанот.

Свеченоста ќе ја отвори филмот „The Dead Don’t Die” (Мртвите не умираат) на американскиот независен режисер Џим Џармуш, кој 1984 година ја доби „Златната палма“ за остварувањето „Почудно од рајот”.

На фестивалот ќе биде прикажан и биографскиот филм за Елтон Џон – „Rocketman”.

Наградата лани ја доби филмот „Крадци” (Manbiki kazoku) на јапонскиот режисер Хироказу Кореда.

Би можело да ве интересира

Сунчица Уневска е дел од жирито во Кан за избор на најдобар арапски филм

А1он

Агенцијата за филм застапена со е-павилијон на Филмскиот маркет на Канскиот фестивал

Ана Ололовска

Во Кан годинава нема фестивал, туку широк избор на филмови што добија лого „Кан 2020“

Ана Ололовска

Канскиот фестивал е одложен за крајот на јуни

А1он

Спајк Ли ќе биде првиот црнец претседател на жирито во Кан

Ана Ололовска

Чешки тајкун запроси 40 години помлада девојка на црвениот килим во Кан