Почнува првиот Саем за накит во Скопје

Од:

Во организација на Јавна Соба и „KAPKA Jewelry“, од 7 до 9 октомври во просториите на Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, ќе се одржи првото издание на Саем за накит и модни додатоци, „НАКИТ 2016“.

„НАКИТ 2016“ ќе има продажен карактер и е наменет за пошироката публика, за познавачите на добриот накит, за љубителите на модните дадотоци, за конзументите на добрата атмосфера и забава.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Саемот ќе биде збогатен со предавања, работилници, и секако многу дружење и музика.

„НАКИТ 2016“ почнува во петок (7 октомври) во 21часот со диџеј сет на Соња Исмаил.

Истиот ден, пак, од 17 до 20 часот саемот ќе биде отворен за сите оние кои сакаат да се освежат со коктел, а ќе имаат привилегија први да ги погледнат колекциите на дизајнерите.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во сабота, од 17 ч. ќе се одржи матине со диџеј Шурбеира. Во попладневните часови, од 16 до 20 ч. предавања ќе одржат дизајнерките на накит Биби Клекачкоска, Мима Пејоска и Бранка Данчевска, како и Ана Димчевска, конзерватор за метал во Музејот на Македонија.

Саемот ќе биде отворен за посетители од 10ч. до 22ч. во сабота и од 10. до 18ч. во недела.

Во рамки на саемот предвидени се и две работилници за деца, во сабота од 17 до 19 часот и во недела од 11 до 13 часот со суперкреативната Ина Михајлова.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

На саемот, во оваа негова прва година на реализација, настапуваат изработувачи и дизајнери на накит од Србија, Бугарија и Македонија.

Би можело да ве интересира

Сето тоа може да се користи за правење обетки

Откако украдоа накит од „Зелениот трезор“: Затворски казни за петмината крадци

Романци се уапсените за кражбатата на накитот вреден еден милион долари

Спречен шверц на златен и сребрен накит на ГП Богородица

На Прешево-Табановце запленети дукати и златен накит вреден 12.780 евра

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска