Почнува изградбата на снежниот град во Маврово

Од:

Започнува манифестацијата „Снежен град“ во Бунец, Маврово. Овој традиционален детски настан и годинава е во организација на Детскиот културен центар „Карпош“.

Снежниот град ќе го изградат ученици од основните училишта во Скопје, а секое училиште ќе има по десетина деца предводени од ментор. Активностите треба да завршат до 16ти месецов, кога во 11 часот ќе започне „Снежниот карван“, односно кога посетителите ќе може да ги видат фигурите и градбите изработени од снег.

Манифестацијата приклучува и други активности, како: „Снежната квизотека“, „Избор на снежна убавица“, „Снежен крос“, „Најслатка бонбона“, „Снежно бинго“, „Бал под маски“ и забава во диско за учесниците во „Снежниот град“.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски