Почина Сашо Пижевски – Пиже од култните „Хавана бенд“

Од:

Денеска во Скопје на 57 години ненадејно почина Сажо Пижевски – Пиже, поранешен член на култниот „Хавана бенд“ и скопски урбан лик.

Пиже ќе остане запаметен по хитовите „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“, кои ги изведуваше заедно со Игор Џамбазов и Горан Атанасов – Зеко.

Пиже е роден е во скопско Дебар маало, каде го поминал своето детство, а потоа се преселил во Влае, каде што живееше и сега. Тој е еден од главните творци на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 80-те години до денес, со мали паузи.

Изминативе години тој беше сопственик на порталот „Мајка ти и татко ти“, но во последно време беше актуелен со повторното обединување на Хавана Бенд и нивниот хит Балада за мајка ти и татко ти, кој го направи во соработка со Александар Митевски.

Пријателите и јавните личности со неверување се простуваат од Пиже, кој пред само неколку часа објави фотографија на Фејсбук и се потсети на кафанска седенка во ’80-те со Зеко.

Меѓу првите што се простија од Пиже беше неговиот долгогодишен другар, актерот Игор Џамбазов.

Би можело да ве интересира

Почина ќерката на Јулија

А1он

Почина актерката Мајда Тушар

Ана Ололовска

Почина поранешниот австриски вицеканцелар Ерхард Бусек

А1он

Почина писателот и академик Радован Павловски

Ана Ололовска

Почина писателот Драги Михајловски

А1он

Почина композиторот Тоде Новачевски

А1он