Почина Рајли Гејл – пејачот на метал бендот „Пауер трип“

Од:

Пејачот на „траш-метал“ бендот „Пауер трип“, Рајли Гејл почина на 34-годишна возраст. Тоа го потврди и неговото семејство и групата.

Рајли Гејл починал во неделата, на 24 август. Причината за смртта сѐ уште не се соопштува.

„Рајли беше пријател, брат, син. Рајли беше и поголем од животот – рок-sвезда и смирен и великодушен пријател. Тој допре до толку многу животи преку неговите текстови и преку неговото огромно срце. Тој се однесуваше кон сите што ги среќаваше како пријател и секогаш се грижеше за своите пријатели“, се вели во соопштението на „Пауер трип“.

Групата е основана 2008 година, во Далас, Тексас, САД.

Би можело да ве интересира

Диџеј Хозе Падиља почина од рак

Ана Ололовска

Аријана Гранде го најави својот нов албум

Ана Ололовска

ВИДЕО: Почина Пол Матерс, бас гитаристот на „Еј-Си/Ди-Си“

А1он

Пост Малоун триумфираше на американските Билборд награди

Ана Ололовска

Ричи Самбора не жали за напуштањето на „Бон Џови“

Ана Ололовска

Ријана им се извини на муслиманите, откако ненамерно ги навреди со песна

Ана Ололовска