Почина пејачот и манекен Ник Кејмен, славен во 80-тите

Од:

Британскиот модел и пејач Ник Кејмен, кој се прослави како манекен за производителот на џинс Левис во 80-тите години од минатиот век, починал на 59-годишна возраст, јавија медиумите од Велика Британија.

Кејмен стана познат откако ја имаше главната улога во рекламен спот на Левис во 1985 година, чиешто дејство се одвива во заедничка пералница за алишта.

По ова Кејмен стана своевиден штитеник на поп ѕвездата Мадона, која му помогна да ја сними нејзината песна „Each Time You Break My Heart“. Песната беше хит, искачувајќи се до петтото место на Британската Топ 40 листа.

Кејмен имаше уште неколку помалку забележителни хитови, а неговите песни подоцна беа повеќепати преработувани.

Многумина од пријателите и познаниците на Кејмен од светот на славните се простуваат од него на социјалните мрежи, а меѓу нив се и Бој Џорџ и Џон Тејлор од групата „Duran Duran“, кој починатиот модел и музичар го опиша како „најпрекрасниот и најдобриот човек“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он