Почина легендарниот ерменски музичар Џиван Гаспарјан, во чии настапи уживаше и скопската публика

Од:

Веројатно најпознатиот ерменски музичар, виртуозот на дудук и композитор, Џиван Гаспаријан, почина на 92-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја пренесе неговиот внук и ученик, Џиван Гаспарјан Помладиот.

Гаспаријан беше легенда на ерменскиот фолклор, кој го претстави низ светот преку дудукот – дувачки инструмент сличен на кавалот, изработен од дрво од кајсија и со распон од само една октава. Долговечниот музичар ги кршеше бариерите меѓу жанровите и во кариерата соработуваше со плејада големи светски музичари од разни правци: Лајонел Ричи, Брајан Меј од Квин, Нусрет Фатех Али Кан, Стинг… Тој беше автор и на музика за филмови, а негов најпознат филмски проект беше мегахитот „Гладијатор“.

Гаспаријан, роден во село покрај главниот ерменски град Ереван во 1928 година, има освоено низа светски признанија за неговата музика, а прогласен е и за Народен уметник на Ерменија. Бил и професор на Државниот музички конзерваториум во Ереван. Во 2010-тата настапи на Евровизија во Осло, а во 90-тите двапати гостуваше во Македонија и одржа незаборавни концерти во Скопје.

Би можело да ве интересира

Ем-ти-ви награди: Џастин Бибер е изведувач на годината

Ана Ололовска

На идната турнеја, Фил Колинс ќе мора да пее седејќи

Ана Ололовска

Почина Жан Пол Белмондо

А1он

Почина Јон Карамитру, балканската театарска легенда

А1он

Почина Васил Панов, поранешен дипломат, генерален секретар на МАНУ и врвен шахист

А1он

Брус Дикинсон го победи и ракот на јазикот и коронавирусот

Ана Ололовска