Почина кечерката и манекенка Ешли Масаро

Од:

Поранешната кечерка и манекенка Ешли Масаро почина десет дена пред својот 40. роденден. Американката била во нејзиниот дом кога ѝ се слошило. Веднаш била пренесена в болница, каде што и починала.

Причините за смртта сè уште не се разјаснети, но полицијата соопшти дека нема траги од насилство.

Масаро беше една од најголемите ѕвезди во американското кечерство меѓу 2005 и 2008 година. Подоцна, таа се обиде и како модел и како учесник во реално шоу, а се појави и на насловна страница на списанието „Плејбој“.

Ешли зад себе остави 18-годишна ќерка.

Би можело да ве интересира

Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус преку тужба бара милион фунти

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бијонсе фотошопирана на плакатот за „Кралот лав“

Ана Ололовска

Феј Данавеј ѝ удри шлаканица на колешка

Ана Ололовска

Ќерката на Берни Еклстон по вторпат ќе стапи в брак

Ана Ололовска

Потресна слика од Џони Деп од болница: Крвав на носилка по нападот од поранешната сопруга

Ана Ололовска

Натали Имбрулија го очекува своето прво дете во 45-тата година

Ана Ололовска