Почина британската актерка Хелен Мекрори, ѕвездата од серијата „Peaky Blinders“

Од:

Актерката Хелен Мекрори, која се здоби со меѓународна слава со улогата на Поли Греј во хит-серијата „Peaky Blinders“, починала денеска на 52-годишна возраст, соопшти нејзиниот сопруг Дејмијан Луис, кој исто така е актер.

„Со тешко срце објавувам дека по херојската битка со ракот, убавата и моќна жена Хелен Мекрори почина мирно дома, опкружена со бран од љубов од семејството и пријателите,“ напиша тој на Твитер.

Нејзината дијагноза на карцином претходно не беше позната во јавноста.

Освен по улогата на прекалената криминалка и роднина на „Жилетите“ од Бирмингем во „Peaky Blinders“, Мекрори беше позната и по улогите во сериите „Penny Dreadful“ и „Ана Каренина“, меѓу другите филмски, телевизиски и театарски остварувања.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ