Почина актерот што го глумеше таткото на Тони Сопрано

Од:

Џозеф Сираво, актерот кој остана запаметен по улогата на Џони Бој Сопрано, таткото на главниот лик Тони Сопрано во хит серијата „Сопранови“, починал на 64-годишна возраст по долга борба со ракот, јавија американските медиуми.

„Почивај во мир драг пријателу, водеше неверојатна битка,“ напиша неговиот колега Гери Пастор на Инстаграм

Сираво, кој имаше дипломи и од престижниот универзитет Стенфорд и од угледната актерска школа Тиш, своето деби на филмското платно го имаше во 1993 години, во филмот на Брајан де Палма „Патот на Карлито“ (Carlito’s Way), но неговата најпозната улога дојде неколку години подоцна, кога беше избран за ролјата на Џони Сопрано во флешбек-сцени од младоста.

Тој се појави во пет епизоди ниод култната серија, а играше и во неколку други филмови и серии, во кои главно толкуваше улоги на мафијаши од италијанско потекло.

Би можело да ве интересира

Почина пејачот и манекен Ник Кејмен, славен во 80-тите

Жарко Настоски

Почина академик Богомил Ѓузел

Ана Ололовска

Почина британската актерка Хелен Мекрори, ѕвездата од серијата „Peaky Blinders“

Жарко Настоски

Раперот DMX почина по предозирањето со дрога

Жарко Настоски

Почина м-р Јаким Ивановски

Ана Ололовска

Еден од најпознатите бугарски новинари почина од Ковид-19

Жарко Настоски