Почина актерот Кларенс Вилијамс Третиот, познат телевизиски „фраер“ од 70-те

Од:

Актерот Кларенс Вилијамс Третиот, кој беше телевизиска ѕвезда во 70-те, години, починал на 82 години, соопшти неговиот тим.

Вилијамс беше најпознат по улогата на полицаецот на тајна задача Линс Хејс во серијата „The Mod Squad“, а глумеше и заедно со поп-ѕвездата Принс во филмот „Purple Rain“

Менаџерот на актерот, Алан Миндел, потврди дека тој починал во неговиот дом во Лос Анџелес по борба со рак на дебелото црево.

На смртта на Вилијамс, кој е роден во населбата Харлем во Њујорк, каде бил вистинска легенда во 70-те години, се осврна и музичарот и глумец Лени Кравиц:

„Кога бев дете што расте во Њујорк, Кларенс Вилијамс Третиот беше лице на телевизија со кое се поистоветуваав и кое ме инспирираше. Од „Mod Squad“, до „Purple Rain“ и „Sugar Hill“, секогаш настапуваше со динамична енергија. Почивај во моќ, кралу“, напиша Кравиц на Твитер.

Би можело да ве интересира

„Брз воз“ со Сандра Булок и Бред Пит во киносалите во април 2022 година

Ана Ололовска

Нова трагедија: Почина Марко Божиновски, 20-годишен ракометар на Металург

Жарко Настоски

Клинт Иствуд наполни 91 година, но не е во првите десет најдолговечни актери

Ана Ололовска

Почина д-р Кочо Серафимов, професор на Медицинскиот факултет во пензија

Ана Ололовска

Почина Војислав Зивчевиќ

Ана Ололовска

Се снима филм за Шер

Ана Ололовска