Почина актерката Кончата Ферел, славна по улогата на Берта во „Два и пол мажи“

Од:

Американската телевизиска актерка Кончата Ферел, која својата најпозната улога ја имаше во популарната серија „Два и пол мажи,“ почина денеска во Калифорнија на 77 години, објавија американските медиуми.

Улогата на Берта, духовитата и саркастична домашна помошничка на богатиот боем Чарли Харпер, ликот што го играше Чарли Шин во „Два и пол мажи“, ја прослави Ферел, а Берта според многумина е најдобриот спореден лик во историјата на американските ситкоми.

„Плачам за жената што ќе ми недостига и за радоста што им ја носеше на многумина. Едно тотално срце, врвен професионалец, вистински пријател. Берта, твојата грижа за домот беше малку сомнителна, ама твојата способност да се грижиш за луѓето беше совршена,“ напиша Чарли Шин на Твитер во својата реакција на тажната вест.

Во богатата кариера на врвните американски театарски сцени и на ТВ-екраните, Кончата Ферел, покрај две номинации за „Еми“ за улогата на Берта (во 2005 и 2007 г.), има уште една номинација за наградата, во 1992 година, за остварувањето во драмската серија „Законот од Лос Анџелес“.

Би можело да ве интересира

Скарлет Јохансон се омажи по третпат

Ана Ололовска

Емили Ратајковски е бремена

Ана Ололовска

Метју Мекконахи веќе не снима романтични комедии

Ана Ололовска

Кејт Бекинсејл и Гуди Грејс раскинаа

Ана Ололовска

Николас Кејџ добил 20.000 долари на коцка и ги дал во хуманитарни цели

Ана Ололовска

Двејн Џонсон ѝ подари текила на 101-годишна обожавателка

Ана Ололовска