По свадбата им ги украле сите подароци и БМВ-то на младоженецот

Од:

Неколку часа по венчавката, Џејми Принс и нејзиниот сопруг Пол Кирван (29) доживеале вистински шок. Имено, сите подароци кои ги добиле на свадбата, плус БМВ-то на момчето, им биле украдени.

Освен тоа, украдени им биле сите пари кои сакале да ги потрошат на медениот месец во југоисточна Азија, но и потврдата за брак.

Двојката се венчала во изнајмен луксузен имот во градот Селби, Англија, па при првата брачна ноќ, се случил немилиот настан.

– Бевме одушевени од денот на свадбата, но потоа не известија за кражбата и провалувањето во три простории на имотот. Никој повеќе не размислуваше за венчањето, туку само за штетата, раскажува невестата. – Ги замоливме луѓето присутни на венчавката да ни дадат малку пари за меден месец и тие ставаа колку што можеа во металното заклучено ковчеже. Внатре имаше сигурно 1.000 фунти, додава таа.

Крадците ги украле и сите инструменти на бендот што свирел на свеченоста, а во кој член бил и братот на невестата. Полициската истрага е во тек.

Би можело да ве интересира

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Човек отвори контејнер, а од него излезе мечка: Се уплашија еден со друг, па почнаа да бегаат

Ана Ололовска

ВИДЕО: Работник го поправаше крилото со селотејп пред да полета авионот, патниците збунето го гледаа

Ана Ололовска

Автомобил слета на првиот кат од куќата и за малку ќе завршеше во спалната соба: Како успеа да го направи ова?

Предраг Петровиќ