По сагата околу наводното неверство на манекенката Џордин Вудс со Тристан Томсон, таа на Инстаграм објави своја фотографија во црни бикини, нагласувајќи дека го надминала сето тоа.
– Утринско пливање… Понекогаш и треба да се повлечете за да се потсетите себе си колку сте благословени што се будите за да видите уште еден нов ден, напиша таа под фотографијата, промовирајќи го брендот на костимот за капење.
Аферата значеше крај на врската меѓу Томсон и ѕваздата од реалните шоуа, Клои Кардашијан, како и на пријателството меѓу Џордин и Кајли Џенер, полусестрата на Кардашијан.