Италијанската актерка Софија Лорен (89) е тешко повредена по падот во нејзиниот дом во Женева во неделата наутро.
Како што пренесува Corriere della Sera, актерката била пренесена во болница каде и била констатирана фрактура на колкот.
Операцијата поминала добро, а следи нејзината рехабилитација. На актерката и помагаат синовите Едоардо и Карло.
Во вторник, Лорен требаше официјално да го отвори четвртиот ресторан во Италија што го носи нејзиното име во Бари, по оние во Милано, Фиренца и аеродромот Фиумичино.