По неколку минути во вселената, Ричард Бренсон безбедно слета на Земјата

Од:

Британскиот милијардер Ричард Бренсон денеска слета на Земјата без никакви проблеми откако помина неколку минути во вселенската орбита со леталото на неговата компанија Вирџин Галактик, реализирајќи го патувањето за кое отсекогаш сонувал и што претставува пресвртна точка кон вселенскиот туризам.

Вселенското летало ВСС Јунити со двајца пилоти и уште тројца патници, по краток лет во вселената, слета на пистата во базата „Спејсспорт Америка“, во американската држава Ново Мексико, денеска околу 9,40 часот локално време (17,40 часот по средноевропско време).

Бренсон е првиот милијардер кој патуваше во вселената со вселенско летало произведено од неговата компанија и со тоа го престигна својот американски ривал Џеф Безос, кој треба да изврши лет во вселената на 20 јули.

Пред околу 500 луѓе, вклучувајќи ги сопругата, децата и внуците на Бренсон, во првата фаза од летот, специјален авион носеше летало со Бренсон и пет члена на екипажот од неговата компанија за вселенски туризам Вирџин Галактик.

Тогаш „вселенскиот авион“ се одвои од матичниот авион на надморска височина од околу 13 километри и ги запали своите мотори, стигнувајќи до работ на вселената на надморска височина од околу 88 километри. По неколку минути бестежинска состојба за екипажот, авионот се врати назад и слета на Земјата.

Границата на вселената се наоѓа на височина од 80 километри, каде што бојата на небото се менува од темно сина во црна боја на космичката бесконечност, каде може да се почувствува бестежинска состојба и да се види како е закривена Земјата.

Официјалната улога на Бренсон во текот на летото беше да го тестира и оцени искуството што ќе го имаат неговите идни клиенти.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лансирана најголемата ракета во историјата: полета, па набрзо експлодира и потполно се распадна

Ана Ололовска

Научниците открија повторлив радио сигнал од планета со големина на Земјата