По Меланија, во Белата куќа можеби ќе има уште една Словенка

Од:

Демократската сенаторка од Минесота Ејми Клобушар, која ја објави кандидатурата за претседателските избори во САД во 2020 година, исто како и првата дама на САД Меланија Трамп, има потекло од Словенија.

Ејми Клобушар е внука на словенечки доселеници во Америка, а нејзиното презиме на словенечки значи шапкар.

Дедо и кога бил дете со родителите се доселил во САД од словенечката Бела Краина, уште пред Првата светска војна.

Ејми Клобушар е родена во Америка и со тоа стекнала право да се кандидира за претседателка.

– Стојам пред вас како внука на рудар, ќерка на учителка и новинар, прва жена од Минесота која е избрана за Сенатот, да ја објавам својата кандидатура за претседателка на САД, рече пред три дена Клобушар пред приврзаниците во Минесота.

Клобушар е родена на 25 мај 1960. Нејзиниот татко, новинар и колумнист Џејмс Клобушар, како што наведува порталот „Нашите во светот“, е роден на 9 април 1928 во Минесота. Тој е син на Марија Пуцел и Михаил Клобушар, рудар, кого Ејми го спомена во нејзината изјава.

Таткото на сенаторката Клобушар дипломирал на Универзитетот во Минесота 1950 година кога ја почнал новинарската кариера. Тој во 1954 се оженил со Роуз Хеубергер и во тој брак добил две деца Ејми и Бет.

Работел за повеќе медиумски куќи во Северна Дакота, и Минеаполис, а бил и новинар на Асоишејтед прес, колумнист на Минеаполис трибјун и Минеаполис стар. Автор е или коавтор на повеќе книги.

Ејми Клобушар зад себе има три сенаторски мандати и до сега е најпознат кандидат на демократите од американскиот среден запад.

По професија е адвокат. Првпат била избрана за Сенатот во 2006, а потоа и во 2012 и 2018 година.

Демократската партија своевремено ја сметаше за „ѕвезда во подем“.

За номинацијата на Демократската партија за идните избори до сега се пријавија петмина кандидати, од кои четири се жени.

Покрај Ејми Клобушар, тоа се Елизабет Ворен од Масачусетс, Камала Херис од Калифорнија, Кирстен Гилбрант од Њујорк. Петтиот е Кори Букер од Њу Џерси.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски