По 6 години ја подигнале милионската лото-добивка

Од:

Енди(32) и  Најел Ашкар(36), по потекло палестинци, пред 6 години освоиле 5 милиони долари на инстант грепка.

Тие пари можеле од корен да им го сменат животот, но токму поради тоа , одлучиле тој момент да го одложат. Двајцата браќа милионери неодамна одлучија да си ја земат добивката, и тоа 11 дена пред истекот на рокот.

Постариот брат објаснил дека долго чекале затоа што стравувале дека ненадејното богатство може да ги „расипе“.

Помладиот пак,  стравувал дека девојката која тукушто ја запознал ќе остане со него само поради парите. По шест години девојката го „положи“ испитот, и сега ја чекаат 2,5 милиони долари кои припаѓаат на нејзиниот сопруг.

Браќата Ашкар, грепката ја купиле во продавница, која ја држеле нивните родители, кои емигрирале од Ерусалим во Америка пред 40 години.

Би можело да ве интересира

Во американската игра на среќа беше извлечена награда од 1,13 милијарди долари

Кривична пријава за пет лица поради фалсификување пари

А1он

Студент ставил „мито“ од 10 денари во индекс – добил десетка

Анита Петровска Рајковиќ

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

На лотарија освои 842 милиони долари

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација