„Плејбој“ без фотографии на голи жени

Од:

Магазинот „Плејбој“, во рамки на своето редизајнирање, ќе престане да објавува фотографии на голи жени, нешто што на ова списание му донесе популарност ширум светот, објавија американските медиуми.

Сопственикот на „Плејбој“, Хју Хефнер и неговите соработници како главна причина за ваквата одлука ја наведуваат „лесната достапност до порнографски соддржини“.

Интернетот, според нив, направил голотијата да застари, но и порнографските списанија повеќе да не се толку многу комерцијално исплатливи.

– Сега  од секоја замислена поза во сексот сте оддалечени само едно кликнување на глувчето, па еротските фотографии станаа едноставно демоде, изјави извршниот директор на компанијата „Плејбој“, Скот Флендерс.

Официјалните податоци покажуиваат дека тиражот на „Плејбој“ опаднал од 5,6 милиони во 1970 година, на „скромни“ 800.000 во 2015.

Списанието  „Плејбој“, чиј прв број е објавен во 1953 година, и натаму ќе објавува фотографии на жени во провокативни пози, но не целосно голи.

Одлуката за редизајн е донесена минатиот месец на состанокот со основачот и главен и одговорен уредник, на „Плејбој“, Хју Хефнер.

Веб страницата на „Плејбој“ веќе ги исфрли разголените фотографии со цел да има пристап на социјалните мрежи, како Фејсбук и Твитер, благодарејќи на кои го зголеми бројот на посетителите за 16 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ФБИ објави досие за Хју Хефнер

Ана Ололовска

Аукција на личните предмети на Хју Хефнер

Наум Локоски

Почина творецот на логото на „Плејбој“

Ана Ололовска

„Плејбој“ го добил името според пропадната автомобилска компанија

Ана Ололовска

„Плејбој” ја враќа голотијата на своите страници

Ана Ололовска

„Пејџ Сикс“: Хју Хефнер е тешко болен

Ана Ололовска

Leave a Comment

five × 1 =