„Плати колку што сакаш“- понуда што не се одбива за хотел во Париз

Од:

Париз е познат по многу нешта, а пред се, како град на романсата, епските споменици и архитектурата. Меѓутоа, сето тоа доаѓа и со цената, со оглед на фактот дека овој град го има и најскапото сместување на светот, пишува „Дејли Мејл“.

Еден париски хотел, сепак, во рамки на својата нова промоција одлучи да се обиде да ги промени работите, дозволувајќи им на своите гости да платат онолку колку веруваат дека е тоа разумна сума за нивниот престој во него во текот на одморот.

Хотелиерот Алдрик Дувал го лансираше својот најнов потфат „Плати колку сакаш“ во обид да привлече гости во својот хотел со три ѕвездички „Tour d-Auvergne“.

Идејата е едноставна. Гостинот може да плати онолку колку што сака за да преноќи во хотелот. Нормално, двокреветните соби чинат најмалку 190 евра, но доколку гостинот одлучи поинаку може да плати и само едно евро.

Оваа промоција ќе трае се до 10 август.

Од друга страна, Дувал се надева дека гостите, сепак, нема да издвојуваат вака ниска сума за ноќевањата во неговиот хотел.

-Доколку клиентот сака да плати само едно евро, јас тука ништо не можам, изјави Дувал за оваа негова необична промоција.

Тој се надева дека гостите на промоцијата ќе гледаат како на добра понуда, а не како начин да го измамат хотелот или да го злоупотребат.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата