Пита со мелено месо и ајвар

Од:

Додека уште имате од домашниот ајвар …

Потребно е:
1 пакување готови кори за гибаница (9 кори)
500 гр мелено месо
350 гр ајвар
4 јајца
200 гр кисела павлака
1 главица кромид
2 чешниња лук
масло
мелен сув зачин
сол, бибер

Подготовка:
– Кромидот ситно исецкајте го и испржете го на малку масло. Додадете го меленото месо и продолжете со пржењето.

– Кога ќе се испржи месото додадете го ситно сецканиот лук и зачинете со сол, мелен сув зачин и малку бибер.

– Тргнете ја тавата на страна и додадете го ајварот. Убаво измешајте.

– Тавата од рерна убаво намастете ја и доле ставете 3 кори. Секоја кора испрскајте ја со малку масло.

– На третата кора ставете 1/2 од филот со месо и ајвар.

– Ставете повторно уште три кори и потоа остатокот од филот. На крај завршете со преостанатите три кори.

– И последната кора испрскајте ја со масло и на повеќе места избодете ја со вилушка. Исечете ја питата на коцки.

– Во еден сад изматете ги јајцата со киселата павлака. Со оваа смеса прелијте ја питата.

– Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 40 минути.

– Послужете ја со кисела павлака.

Би можело да ве интересира

Тирамису со малини

Пиперки полнети со сирење

Пилешко со зеленчук

Салата од рукола и туна

Ана Ололовска

Ориентален компир со спанаќ и роти-лепчиња

Ана Ололовска

Брза кремаста торта без печење

Ана Ололовска