„Пипл“: Џон Леџенд е најсекси маж на годината

Од:

Американскиот пејач и глумец Џон Леџенд е прогласен за најсекси маж на годината, според изборот од списанието „Пипл“.

Леџенд (40) е во брак со манекенката Криси Тајген, со која има две деца.

Тој беше и првиот Афроамериканец што ги комбинираше наградите Еми, Греми, Оскар и Тони за својата дејност, пренесува Танјуг.

– Возбуден сум, но во исто време малку сум и исплашен затоа што притисокот е голем. Сега сите ќе ме загледуваат за да видам дали сум доволно секси за да ја носам оваа титула, изјави Леџенд за списанието.

Минатогодишен носител на тој статус беше британскиот глумец Идрис Елба.

Би можело да ве интересира

Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе го менува полот

Татјана Ташкова

Кирк Даглас го прослави 103-от роденден

Татјана Ташкова

Девојката на Кијану Ривс откри зошто не сака да ја бојадиса косата

Татјана Ташкова

Бон Џови отвора уште еден ресторан за сиромашни

Татјана Ташкова

Има милиони а 10 години носи ист костим за капење

Татјана Ташкова

(ВИДЕО) Ели Гоулдинг: Пред секој настап пијам алкохол

Татјана Ташкова