Пиперки полнети со сирење

Од:

Лесен летен оброк.

Состојки:

7 бабури
600 гр сирење
200 гр шунка
2 домати
2 јајца
масло
сол

Подготовка:

Исчистете ги пиперките од семки. Шунката исецкајте ја на ситни коцки и добро помешајте со сирењето и со двете изматени јајца.

Наполнете ги пиперките со смесата, а потоа исечете го доматот на кругови за да ги затворите пиперките.

Наредете ги пиперките во тава за печење и печете на 200 степени додека пиперките не заруменат.

Би можело да ве интересира

Ароматичен млад грашок со зачини

Ана Ололовска

Студија: Вегетаријанците и веганите имаат поголем ризик од мозочен удар

Тиквички со пченкарно брашно и кашкавал

Ана Ололовска

Сок од кајсии

Ана Ололовска

Пилешки ролнички

Ана Ололовска

Тирамису со малини