Пикантни тиквички

Од:

Многу вкусни и лесни за подготовка…

Потребно е:
4 тиквички зелени и жолти
1 средно голема главица кромид
1/2 чаша (од 150 мл) ситно сецкан свеж копар
1-2 свежи чили пиперчиња
1 лажиче семе од синап
3 чешниња лук
1/2 чаша јаболков оцет
3/4 чаша вински оцет
1/3 чаша шеќер
свеж магдонос

Подготовка:
– Исецкајте ги тиквичките на тенки тркалца. Истото направете го со кромидот. Целиот зеленчук ставете го во цедалка и потоа во фрижидер да стои неколку часа за да се исцеди вишокот течност.

– Потоа со раце нежно исцедете ги тиквичките и кромидот и распоредете ги помали тегли заедно со чешнињата лук, чили пиерчињата на кои претходно сте им ги извадиле семките, копарот, магдоносот и семето од синап.

– Во сад на рингла ставете да се вари водата и со оцетот, шеќерот и солта. Оставете само кратко да врие. Потоа со оваа течност прелијте го зеленчукот во теглите. Оставете да се излади и чувајте ги во фрижидер.

– Вака подготвените тиквички може да и јадете во сендвичи со сирење или намаз од сирење, а исто се и добар прилог со некое печено парче месо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска