Пет египетски „инфлуенсерки“ осудени на две години затвор

Од:

Пет „инфлуенсерки“ од Египет се осудени на две години затвор и казна од речисио 19.000 долари поради „објавување непристојни видеа” на апликацијата Тик-Ток.

Затворската казна за петте млади жени е првата изречена во рамки на кампањата на властите против „инфлуенсерите“ на интернет. Како одговор на оваа судска одлука, активистите покренаа интернет-кампања, со цел девојките да бидат пуштени на слобода.

Во обвинението, официјално е наведено дека жените ги прекршиле вредностите и принципите на египетското општество и објавувале непристојни фотографии и видеоснимки што му штетат на јавниот морал.

Три од осудените инфлуенсерки, исто така, се осудени за учествување во непристојни видеоповици кон мажи.

Во Египет неодамна беа уапсени повеќе лица, главно жени кои се популарни на видеоплаформата Тик-Ток.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка