Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добие бонус поради инфлацијата

Од:

Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добие бонус до 600 фунти за помош во периодот на зголемени трошоци за живот, во време на криза. Таблоидот „Сан“ објави дека вкупните бонуси, кои ќе се исплаќаат овој месец покрај редовната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и ќе доаѓаат од приватниот приход на кралот.

Весникот посочува дека парите на даночните обврзници не се користат за плаќање. Персоналот кој заработува помалку од 30.000 фунти годишно ќе добие паушален износ од 600 фунти, оние кои заработуваат помеѓу 30.000 и 40.000 фунти ќе добијат 400 фунти, а секој со годишна плата од 40.000 до 45.000 фунти ќе добие бонус од 350 фунти, наведува „Сан“.

Близок до кралското семејство изјави за весникот: „Кралот им дава пари од сопствениот џеб на своите вработени со најниски примања. На овој начин сака да им помогне да се справат со трошоците за живот во време на криза“.

Според податоците на кралското семејство за периодот од 2020 до 2021 година, во палатите работат 491 вработен со полно работно време, чија плата доаѓа од суверениот грант, што е годишен надоместок што го дава владата за поддршка на кралот и неговите службени должности. Вкупната сума наменета за плати е 23,7 милиони фунти.

Во јуни, кралски извор рече дека кралското семејство е „многу свесно“ за кризата што ја погодува нацијата и дека тогашниот принц од Велс посветува големо внимание на ова прашање

Би можело да ве интересира

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Голема промена во Бакингемската палата

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски

Британскиот крал е во болница

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски

Kралот пристигна во Вестминстерската опатија

Горан Наумовски