Периодов зголемен бројот Британци затруени од домашен зеленчук

Од:

Кога корона-пандемијата наложи целосен карантин во Велика Британија – најтешко погодената земја во Европа, многу Британци одлучија дома да одгледуваат зеленчук… Тоа, за да си помогнат и финансиски, но и да се осигураат дека јадат чиста, здрава, домашна храна.

Во време на карантинот, еден од највносните бизниси стана – продажба на семе за зеленчукови растенија.

Според некои загрижувачки, по тон, извештаи на Кралската градинарска заедница, сепак, одгледувањето домашен зеленчук може сериозно да му наштети на човековото здравје.

Според ова британско здружение, десетици, па дури и стотици новопечени градинари биле затруени последниве неколку месеци и побарале итна помош, како последица од јадење, на пр., на домашни тиквички полни со нитрати и штетни токсини. Симптомите биле вообичаени – болка во стомакот, повраќање, дијареја, треска, но и – халуцинации…

Се покажа дека некои луѓе во својата градина до тиквите, одгледуваат и декоративни растенија. Но, проблем е и ако некој друг во близина одгледува нешто друго.

– Проблемите настануваат кога исти пчели ги опрашуваат и украсните растенија и зеленчукот за јадење. Пчелите летаат на растојание од околу 3-4 километри, така што ако некој одгледува декоративни растенија во таа оддалеченост од вашата градина, има можност зеленчукот да биде загаден, објаснува Гај Бартер, главен и одговорен во Заедницата.

Стручњакот советува луѓето прво и задолжително да ги пробаат зеленчуковите домашни намирници пред готвењето и, ако имаат и сосем малку горчлив вкус, да не ги јадат.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска