Пеперутките и пчелите во цел свет умираат со алармантна брзина

Од:

Речиси половина од сите видови инсекти, клучни за екосистемите, како и за економијата, исчезнуваат во целиот свет и умираат со алармантна брзина, покажуваат резултатите од една студија која предупредува на „катастрофалниот колапс” на животната средина на планетата каде живееме.

Екосистемите не можат да функционираат без милионите инсекти кои го сочинуваат јадрото на синџирот на исхрана, а резултатите од новото истражување, објавено во списанието „Билоџикал Конверзејшн“ укажуваат на тоа дека на нивното исчезнување најмногу влијаат човековите активности и климатските промени.

Да се смени начинот на производство на храна

„Заклучокот е јасен: ако не го смениме начинот на кој произведуваме храна, некои инсекти ќе исчезнат за неколку децении”, велат авторите на оваа прилично застрашувачка синтеза на 73 студии, која го вперува прстот посебно кон земјоделството, бидејќи поради него се уништува премногу корисна флора и фауна.

Денес, една третина од видот е пред истребување, „а секоја година листата се зголемува за уште еден процент”, велат Франсиско Санчез-Бајо и Крис Викјујс од универзитетите во Сиднеј и Квинсленд, посочувајќи дека бројката е еквивалентна на „најголемата епизода на истребување” од исчезнувањето на диносаурусите.

Повеќе од 40 отсто од 30 милиони видови инсекти се пред изумирање.

Авторите велат дека повеќе од 40 отсто од 30-те милиони видови инсекти, кои живеат на Земјата, се во опасност од исчезнување. „Уделот на ларви на инсекти кои исчезнуваат, кој изнесува 41 отсто, е двојно поголем од кога се во прашање ‘рбетници, а стапката на истребување на локалните видови, која изнесува10 проценти, е осум пати повисока”, велат Санчез-Бајо и Викјуз.

Кога зборуваме за исчезнувањето на биолошката разновидност, нашето внимание обично се насочува кон судбината на големите животни. Лесно се заборави дека инсектите се од клучно значење за екосистемите. „Треба брзо да дејствува и да се обиде да спречи колапс на важните екосистеми, бидејќи последиците ќе бидат катастрофални”, велат научниците.

Инсектите се од витално значење кога станува збор за процесот на опрашување, а намалувањето на нивниот број влијае на целиот синџир на исхрана. На пример, во Франција, евидентирао е намалување на бројот на птици во текот на 2018 година. „Нема веќе толку многу инсекти, тоа е најголем проблем”, објаснува еден од авторите на француската студија, Винсент Бретањол, додавајќи дека птиците што се хранат со семе во еден период од годината имаат потреба од инсекти за да ги нахранат своите млади.

Европа за 30 години изгубила речиси 80 отсто од „своите“ инсекти.

Според резултатите од истражувањето објавено кон крајот на 2017 година, врз основа на податоците на германски научници, Европа загубила речиси 80 проценти од „своите“ инсекти за помалку од 30 години, што резултира со исчезнување на повеќе од 400 милиони птици. На глобалното намалување на бројот на инсекти влијае и глобалното затоплување, потсетуваат научниците.

Од инсектите како извор на храна, освен птиците, зависат и ежевите, гуштерите, рибите, водоземците…

Австралиските научници како проблем ја наведуваат брзата урбанизација, претераната сеча на шумите поради пренамена на земјиштето за земјоделство и употребата на пестициди и синтетички ѓубрива, особено во последните шеесет години.

Намалувањето на бројот на инсекти датира од почетокот на дваесеттиот век, но брзо се забрзува во педесеттите и шеесеттите години од минатиот век и достигна „алармантни пропорции” во последните 20 години.

Меѓу најзагрозените видови инсекти се Лепидоптера (пеперутки), Ципокрилци (пчели, оси, мравки, стршлени – живеат на сите континенти освен Антарктикот) и Тврдокрилци (бубамари, светулки).

Во медитеранскиот базен значително е намален балегари (вид бумбар), а исчезнаа и голем број пчелни видови. Не се поштедени ниту водните инсекти.

„Итно е потребно да се обноват живеалиштата на инсектите, да се преиспита актуелната земјоделска практика, со посебен акцент на намалена употреба на пестициди и нивна замена со одржливи супстанции”, велат авторите на извештајот, потсетувајќи дека исто така треба да се води грижа за „заздравување” на загадените води, како во градовите, така и во руралните средини.

Би можело да ве интересира

Научници: Озонската дупка е сè помала, но мора да бидеме внимателни

Ана Ололовска

Истражување: Летово регистрирани над 400 рекордни високи температури

Ана Ололовска

Екоактивистите блокираат улици ширум Европа

Ана Ололовска

Еколошки протести во 60 градови ширум светот

Ана Ололовска

Грета Тунберг се пошегува и со Путин

Ана Ололовска

Која е Грета Тунберг: климатска жена воин или манипулирано дете?

Ана Ололовска