Невообичаено пенкало кое вибрира при правописна грешка е направено од млади германски ентузијасти и е наречено Lernstift, работи со помош на оперативниот систем Linux.
Доколку згрешите некој збор, уредот ќе започне да вибрира во вашата рака.
Пенкалото користи софтвер кој е инсталиран на вашиот паметен телефон, кој во реално време го пренесува она што пишувате на хартија, каде што таму се проверува вашиот правопис и ако има грешка, ќе сигнализира со вибрација на пенкалото или пак со звучен сигнал од телефонот.
Засега уредот работи само на германски и англиски јазик, но се очекува дека ако има интерес и кога ќе се соберат доволно финансиски средства, би можеле да работи и на други јазици. Ако сакате да го имате овој уред, тогаш треба да одвоите 90 долари.