Пејачот на легендарниот бенд „Продиџи“, Кејт Флинт, е пронајден мртов во неговиот дом. Тој имаше 49 години.
Полицијата била повикана во домот на пејачот во Есекс, Велика Британија „поради загриженост за неговата состојба”.
Флинт бил пронајден мртов во куќата, а полицијата вели дека не станува збор за сомнителна смрт. „За жал, 49-годишниот пејач беше прогласен за мртов на местото на настанот, се чини дека е природна смрт, но телото е испратено на обдукција”, соопшти британската полиција.
Флинт стана едно од најпрепознатливите лица на британската сцена од деведесеттите години на минатиот век, кој се истакна со својот енергичен стил и ексцентрична коса.