Педесет години Алан Форд – Подобро нечесно бегање отколку чесен пораз

Од:

Стрипот Алан Форд слави педесетти роденден. Половина век откако ТНТ групата од цвеќарницата за првпат се појави на киосци во Италија, тоа е голем јубилеј за сите љубители на стрипот.

Сатирата од тој стрип се уште се чита и цитира. Познати реплики од тој стрип се печатат на маици, се разменуваат меѓу најверни фанови, се паметат и се раскажуваат и иако со години се повторуваат – не губат од вредноста.

– Кој лета вреди, кој вреди лета, кој не лета, не вреди – Подобро да издадеш книга отколку пријател – Ако сакаш да победиш не смееш да загубиш – Подобро нечесно бегање отколку чесен пораз – Подобро да живееш сто години како милионер отколку седум денови во беда. Тоа се само некои од изјавите на тајните агенти на Групата ТНТ.

Приказните за неспособните тајни агенти, кои речиси секогаш победуваат во борбата против лошите момци, се на сценаристот Лучано Секи под псевдонимот Макс Бункер, а ликовите ги нацрта Роберто Равиола – Магнус.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ собираше компири на нива

Во Неапол се продава тоалетна хартија со ликот на Маурицио Сари

Шведските власти не одобрија регистарски таблици „Трамп“

ВИДЕО: Индијка роди близначки на 73 години

ВИДЕО: Најстариот нуркач на светот повторно собори рекорд

ВИДЕО: ТВ-водителка му кажа на колегата со темна кожа дека личи на горила, потоа се извини