Печурки, пилешки прсти, паланчинки и зеленчук се готвеа на соларна енергија на плоштадот во Неготино

Од:

Печурки, пилешки прсти, паланчинки и зеленчук се готвеа на соларна енергија на плоштадот во Неготино. Присутните беа послужени со кафе и чај, исто така подготвени на соларна енергија.

Активноста беше во рамките на спроведувањето на проектот Енпол-ЕЕ за потребите на Средното општинско училиште „Свети Кирил и Методиј“, а организатор е Здружението на граѓани „Ековита“. Станува збор за еднодневен натпревар за готвење на соларна енергија.

– Целта на одржувањето на настанот е сите заинтересирани присутни на лице место самите да можат да се уверат дека готвењето на храна може да биде и корисно и забавно, доколку се користат обновливи извори на енергија. Со соларното готвење кое е подолготрајно, се заштитува и животната средина, а се штедат и пари. Учество земаа ученици од четири класови од средното училиште. Додека се готвеше, на плоштадот со свои производи се претстави локална компанија, која работи на опрема за искористување на сончевата енергија, соопшти Сашко Тодоров.

Беа доделени и награди за најдобриот рецепт на учениците од СОУ „Св. Кирил и Методиј“. Прво место и проектор доби тимот „Буковка на сонце” со професорот Стевчо Шарац, а второ и лаптоп освои „Сончева палачинка” со професорот Менча Зафирова.

Соларните печки кои можат и да се вртат и да се фокусираат, се купени пред десет години во рамките на друг проект, но Здружението редовно организира вакви и слични настани со кои се промовира ваквиот начин на готвење.

Тодоров најави и нов проект финансиран од Мрежата за рурален развој, во рамките на кој млади од Неготино и Дебар ќе учат да произведуваат буковка.

Присутните можеа да го видат и рециклираниот соларен колектор од пластични шишиња и лименки, со кој ученици имаат освоено прво место на државен натпревар.

Би можело да ве интересира

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко

Сообраќајка во Неготино: Изгуби контрола и со моторциклот удри во куќа