Пандемијата ги инспирира родителите да им даваат имиња поврзани со вирусот на новороденчињата

Од:

Пандемијата на коронавирус е главна тема низ целиот свет, со оглед на тоа дека речиси нема држава каде болеста не се шири и го нарушува животот на сите граѓани.

Затоа не изненадува тоа што најчести зборови се коронавирус, вирус, Ковид и епидемија.

Не мина долго откако се појави болеста и споменатите поими веќе се користат толку често што станаа инспирација за имиња на новороденчиња.

Брачна двојка од индискиот град Раипер реши на своите близнаци, девојче и момче, да им ги даде имињата Корона и Ковид, пренесува „БГНЕС“.

Кога вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат Корона и Ковид, ние навистина решивме да им ги дадеме тие имиња, вели 27-годишната мајка, додавајќи дека може да има промена во имињата на децата подоцна.

Овие индиски родители не се единствениот случај, мексиканката Ана-Марија Хозе Рафаел Гонзалез (34) била заразена со коронавирус кога родила момче и девојче на 27 март.

Со оглед на околностите, таа одлучи да ги именува девојчето Корона, а момчето Вирус.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Трагедија во Австрија: Количка со две бебиња падна по стрмна падина, едно дете загина

Горан Наумовски

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Холандскиот суд забрани донирање сперма на биолошкиот татко на 550 деца