Овие намирници можат да го ослабат вашиот имунитет

Од:

За да имате силен имунитет потребно е да вложите многу напор, но и да избегнувате одредена храна.

Ова се намирници кои ги јадеме скоро секој ден, а не знаеме дека постепено го ослабуваат имунитетот.

Слатки, мастики и желе бонбони

Вкусните слатки, мастики и желе бонбони се преполни со шеќер и моментално го зголемуваат расположението. Прекумерната консумација на шеќер предизвикува воспалување, а дополнително влијае на здравјето затоа што ги ослабува леукоцитите (белите крвини зрнца). Познато е дека леукоцитите во крвта се борат против инфекциите. Поради тоа долгорочното консумирање премногу слатки бонбони може да влијае на имунитетот и може да доведе до болест како дијабетесот.

Јагоди

Јагодите се одлични за здравјето, но само ако не се јадат во преголеми количини. Дали знаете дека доколку консумирате премногу јагоди можете да придонесете до слабеење на имунитетот? Јагодите ја испуштаат компонентата која се нарекува хистамин, а која предизвикива симптоми кои се поврзуваат со алергиите. Зголемувањето на хистаминот може да доведат до непријатно чувство во носот и да ги зголеми проблемите со синусите.

Кафе

Поголемиот дел од луѓето го започнуваат денот со овој напиток, затоа што помага побрзо да се разбудиме, полесно да го поднесеме стресот но и совршен начин да го поминеме времето со пријателите. Затоа кафето е неизоставен дел од животот. Меѓутоа многумина често чувствуваат необична непријатност како подуеност на стомакот која се јавува поради високиот процент на кофеинот во кафето. Преголемата консумација на кафето доведува до пореметувањето на варењето и непријатно чувство во стомакот. Покрај тоа кафето го дехидрира организмот. Кофеинот е диуретик, поради што често може да се чувствувате дехидрирано, а може да се јави и мачнина.

Чипс

Дали знаете дека кесичка чипс може да влијае негативно на вашето здравје? Иако оваа преработка од компири без сомнеж е превкусна, чипсот е полн со сол и маснотии. Преголемата количина на сол долгорочно може да го ослаби имунитетот и да предизвика пореметување како висок крвен притисок и холестерол.

Сладолед

Вкусниот сладолед е толку привлечен што го прави тежок за да се одолее, особено за време на летните жештини. Меѓутоа ова слатко задоволство е преполно со полномасно млеко, што значи дека сладоледот е намирница која содржи високи пропорции заситени масти. Освен тоа шеќерот во сладоледот ги зголемуваат воспаленијата.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска